И се извинил ли премиерот тајно на пратеничката на која и реплицираше со зборот ружна (ВИДЕО)

Во собранието кружат информации дека премиерот Ковачевски контактирал со пратеничката Бети Стеменковска Трајковска на која во петокот, кога таа зборуваше за непотизмот на неговата сопруга во бизнисот со фотоволтаици, од место и реплицираше користејќи го зборот ружна.



Иако премиерот не признава дека зборот ружна бил употребен за пратеничката туку за да ја опише неговата сопруга која Ковачевски ја оцени како ,,убава а не ружна” тој најверојатно вчера и се извинил на пратеничката.

Оваа информација во собранието ја разбрала и ја откри пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова на емисијата ,,Заспиј ако можеш” со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.

Силјановска вели дека тајно извинување од Ковачевски не е доволно затоа што тој упатил јавна навреда и извинувањето мора да биде јавно.

Целата емисија со Силјановска во продолжение

Богдан Илиевски објави што точно и додели Ковачевски на Стаменковска Трајковска

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02WAt4kkuhXAbb24vATm49px92UEdEtyKiFJFJoFM7hLa8HHBfVp78iBhgn3siSVzkl&id=603272137&mibextid=Nif5oz