СДСМ не ги поддржува измените на Законот за државјанство во предложената форма од 7 пратеници на Алијасна и Алтернатива.
Партијата има забелешки за кои најави дека ќе разговара со пратеничките групи и ќе поднесе амандмани.
„За измените на текстот на Законот, ќе разговараме со предлагачот и со другите пратенички групи и тие измени ќе ги направиме по пат на амандмани, а целта ќе биде обезбедување поширок консензус за да се дојде до соодветно решение. Измените на текстот на Законот за државјанство влегуваат во скратена процедура во Собранието бидејќи се работи за долгогодишен проблем за државата“, наведува СДСМ.
Од партијата нагласуваат дека корекциите кои што ќе ги побараат ќе бидат во насока на почитување на меѓународните стандарди за решавање на вакви проблеми. Децидни се дека решението треба да биде системско и одржливо за да не дојдеме во ситуација со решавање на ова прашање да отвораме други прашања.
Претходно денеска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека Министерство в понеделник ќе излезе со став во однос на предлог-законот за државјанство. Макфакс






