На координацијата на албански партии од ,,Фронтот за Европа” може да се приклучи и СДСМ и нејзината коалиција за заеднички кандидидат за претседател.
Ова го најавува во интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ МЕДИА, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Според најавата на интервјуто кое ќе биде објавено утре Османи еднаш вели дека имаа координација со сите партии без разлика на етничката припадност а потоа вели дека координацијата се води само меѓу албанските партии.
Зборувајќи за „Фронтот за Европа“, идеја што ја промовира лидерот на Демократската унија за интеграција, Ахмети, министерот Османи нагласил дека, засега, на државно ниво се води координацијата со сите политички партии, независно од етничка или било каква припадност, но важно е дали тие се залагаат за членство во Европска Унија или не.
„Се разбира дека на ниво на политичката партија работиме со албанските политички партии во моментот, кои се залагаат за Европска Унија, за создавање на тој фронт, а се разбира како ќе се ближат изборите, тогаш ќе се прошири или евентуално ќе се разговара и со други партии“, открива министерот Османи во интервјуто за Фронтлајн и ЦИВИЛ МЕДИА.
Османи не ја исклучува можноста „Фронтот за Европа“ да настапи со заеднички кандидат на претседателските избори следната година.
„Тоа веќе го имавме на минатите избори. Актуелниот претседател е заеднички кандидат на СДСМ и на ДУИ што е еден преседан кој што навистина многу држави го посакуваат, а тоа е двете најголеми етнички заедници да имаат заеднички кандидат за претседател. Ние можеме тоа да го потцениме, но тоа е навистина најголемото постигнување на една мултиетничко општество и мислам дека тоа се покажа како добар пример и не исклучувам тоа да се повтори“, вели Османи во интервјуто.
Сопственикот на двата медиуми за кои е дадено интервјуто, Џабир Дерала” беше фатен како од официјален телефонски број на порталот Фронтлајн објавува и спонзорира политичка пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ.
Провладин медиум ,,жив фатен” во пропаганда и ширење лажни вести (ВИДЕО)





