И СДСМ го осуди палењето на возилото „што го користел Груби“

Владејачката СДСМ доцна синоќа во соопштние го осуди, како што го нарече, палењето на возилото кое го користел вицепремиерот Артан Груби.



„СДСМ го осудува палењето на возилото кое го користел вицепремиерот Артан Груби. Очекуваме сите надлежни институции, МВР, истражните и судски органи целосно да го расчистат случајот, а јавноста да биде информирана за причините, мотивите и сторителите кои треба да понесат одговорност“, стои во кусото соопштение на СДСМ.

За запаленото „ауди“ првиот вицепремиер не демантираше дека приватно го користел возилото иако тоа се води на име на друго лице.

Во реакцијата која ја објави на Фејсбук, Груби рече дека станува збор за возило на негов пријател.

Во полицискиот билтен беше објавено дека „ауди“-то е во сопственост на извесен Б.Л.