И Садула Дураку бара свој човек во идната влада

По Чаир и Сарај, големи незадоволства има и во Липково и Куманово поради тоа што Али Ахмети  не ги зема во предвид за министерските места, велат партиски извори.



Според информациите од активисти на ДУИ од Липково и Куманово, Садула Дураку ги поканил членовите на ограноците во Липково и Куманово на консултативна средба на која се согласиле да го поддржат Изет Меџити во неговото противење да гласаат за Владата со овој состав. 

Садула Дураку рече дека има поддршка од огранокот на Арачиново, Гази Баба, Бутел и целата изборна единица 2.
Останува да се види дали Ахмети ќе се повлече од својата намера да го направи Артан Груби заменик премиер. (Вечер)