И шефицата на обвиннителството за огранизиран криминал Вилма Русковска не се согласува обвинителите да земат минимална плата, како што тоа им го наложи Владата, како мерки за скратување на буџетските расходи поради корона-кризата.
Русковска очекува дека писмото од Здружението на обвинители до министерката Рената Дескоска ќе биде разгледано од Министерството за правда, а зависно од одговорот ќе се размислува и за тужба.
„Во секој случај сметам дека и обвинитлите и судиите треба да се солидаризираат во оваа криза. Но, не се согласувам со минимална плата“, вели Русковска.
„Сметам дека ќе беше многу подобро и ќе имаше поголем ефект доколку на сите се скратеше одреден процент од платата – 20, 30 или 40 %. Ама мислам на сите, не само на судиите, на обвинтиелите, туку и на администрацијата. Во Обвинителствтото за гонење на организиран криминал и корупција се договоривме, доколку добиеме полна плата за април и за мај, секој од обвинителите да одвои по 10.000 денари во солидарниот фонд“, рече Русковска.




