Европската комисија денеска воведе санкции против поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, како дел од шестиот пакет санкции против Русија, пишува Политико.



Се смета дека патријархот Кирил е „еден од најистакнатите поддржувачи на руската воена агресија против Украина“ и клучен играч во зајакнувањето на реториката на рускиот претседател Владимир Путин против Украина.

Комисијата наведува серија предвоени проповеди и говори на патријархот Кирил во месеците од почетокот на руската инвазија, плус неговите благослови за руските војници кои се борат во Украина.

„Затоа, патријархот Кирил е одговорен за поддршка или спроведување на акции или политики кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, како и стабилноста и безбедноста во Украина“, се вели во документот.

Во интервјуто објавено во вторникот, папата Франциско рече дека го предупредил Кирил „да не му станува црковен помошник на Путин“ и дека одбил средба со рускиот патријарх.