Франкенштајновските обиди да се конструираат нации на сметка на бугарскиот етнос не се исцрпуваат само со македонскиот експеримент, тврди извесен „весникар“ Петар Марчев“ во напис публикуван на бугарскиот 168 часа.



„Но, додека во македонскиот експеримент на Коминтерната, познат е авторот во ликот на српскиот шовинист Петар Новаковиќ , во еден друг експеримент како создавање на романската нација причините се во  – минатото. Но, не до степен да не бидат идентифицирани и прозвани“, пишува Марчев.

И тоа не е се. Марчев се повикува на уште еден бугарски авторитет, професор Пламен Павлов:

По 681 година, територијата и населението на денешна Романија биле составен дел на Првото и Второто бугарско кралство“, тврди професор Пламен Павлов во напис од 2016 кој и ден денес е „активен“ на веб-страницата „Гласот на Бугарија.

Павлов вели дека Романија бил првиот експеримент за вештачко создавање нација од „ткивото“ на бугарскиот народ.

Според него, кирилицата се користела во Влашката и Молдавската провинција до средината на 19 век, а бугарскиот бил официјален административен јазик што го користела локалната аристократија до 17 и 18 век,

Старобугарскиот јазик во форма на „црковнословенски јазик“ се користел во Романската православна црква до почетокот на 20 век.

Павлов вели дека отцепувањето на овој огромен дел од бугарското национално тело стана можно за време на турското ропство. Во отсуство на бугарска држава и црква, териториите северно од Дунав постепено се оддалечуваат од свеста за нивната словенско-бугарска крв и суштина.

… Следниот силен поттик за оддалечување од бугарската идеја за земјите северно од Дунав дојде од Франција. По нивната победа (заедно со Британија и Отоманската империја) над Русија за време на Кримската војна (1853-1856), Французите „кумуваат“ за спојување во 1861 година на двете кнежевства Влашка и Молдавија во држава под фиктивното име. Романија.

За да го оддалечи населението од неговите словенски корени, за да го избегне влијанието на соседна Русија, новоотворената романска аристократија започна насилна административна „романизација“ на локалниот јазик.

Со уредба беа отфрлени речиси 30.000 зборови од словенско-бугарско потекло и механички се заменети со француски и италијански зборови… Така – тажно за нас – завршува првиот обид за национално инженерство и создавање на нови народи од месото на долготрпеливиот бугарски народ…