Донесувањето на Законот за јавно обвинителство и целосно расчистување на истрагата „Рекет“ се клучот по кој земјите членки на Еу ќе одлучуваат за нашата иднина, порача денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на отварањето на Амбасадорскиот совет.
И Димитров и претседателот Стево Пендровски кој пристуствуваше на отворањето на дводневниот Совет, велат дека „Рекет“ не е бенчмарк,. услов за ЕУ, но дека доколку не се расчисти може да стане тоа
Димитров го повика Обвинителството темелно да го истражи случајот и да испрати порака дека никој не е над законот.
Доколку Македонија го пропушти овој воз, според Димитров ниту Унијата не знае кога ќе биде следниот.





