И провладините медиуми не му веруваат на Заев

Иако пред десетина дена премиерот Заев изјави дека е премногу млад за да биде претседател провладините медиуми продолжуваат да лиферуваат вести со кои укажуваат дека за ова прашање не му веруваат на лидерот на СДСМ.



Со својата изјава дека е премлад за да стане шеф на државата тогаш Заев од трката за претседател го исклучи и министерот Оливер Спасовски кој е две години помлад од Заев.

Ако Заев со своите 44 години е премлад за претседател како што самиот изјави тогаш Спасовски во никој случај не смее да се надева на претседателска кандидатура.

Сепак дел од медиумите под негова директна контрола објавуваат информации целосно спротивни на неговата изјава.

Повеќе телевизии и портали деновиве објавуваат дека и Спасовски се уште е во игра за претседател што индиректно значи дека и тие како и најголемиот дел од јавноста зборовите на премиерот за младоста како критериум на кандидатите за претседател не ги доживуваат сериозно.

https://www.libertas.mk/zavrshi-sredbata-zaev-gashi-do-vecher-rejtinzite-na-masa-kaj-alternativa/