Високи функционери од Косово и Албанија денеска присуствуваа на церемонијата за преземање на останките на жртвите од несреќата во Бугарија, на Меѓународниот аеродром во Скопје.



Меѓу нив претседателката на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Собранието на Албанија, Линдита Никола, како и министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши кои пристигнаа за да оддадат почит кон жртвите.

Поворката со посмртните останки тргна од Скопскиот аеродром каде последна почит на загинатите со положување венци им оддадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

На испраќањето присуствуваа и пратеници, како и претставници на верските заедници.