За влез на сите настани кои се организираат освен сертификат за вакцинација ќер може да се приложи и потврда дека лицето прењлежено ковид пред најмалку 45 дена, рече министерот за здравство Венко Филипче посочувајќи дека новите мерки започнуваат од понеделник.
Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица, но министерот објасни дека со потврда за прележан ковид граѓаните исто така ќе може да се движат на посочените места, објави Фокус







