“И предходно и сега Македонија е Блгарска”: Седум дена молк за бугарски шовинизам (ВИДЕО)

Изминаа седум дена откако група бугарски граѓани јавно го кажаа тоа што го мислат многу членови на бугарската влада и политички партии.



За време на протестите против одложувањето на документарниот филм на Бугарската национална телевизија ,,Само затоа што беа Бугари” Македонија беше мета на жестоки скандирања во кои се тврди дека ,,и порано и сега Македонија е Блгарска”.

За транспарентот со иста порака и за скандирањето нема никаква реакција од бугарските или македонските власти.

Молчат и претседателот и владата во Скопје а молчат и бугарските највисоки функционери.

А молчењето понекогаш значи и согласност иако дури и според бугарските закони тие што скандираат кривично дело.

Видеото во твитот: