И пред споменикот на УЧК општина Липково била во огромни долгови

Општина Липково која потрошила огромни 200 илјади евра за споменикот висок над 20 метри во чест на членовите на ОНА е еден од најголемите општини – должници во Македонија.



Според истражувањето на новинарската група SKOOP објавено во јануари минатата година општина Липково должела 3,2 пати повеќе од сумата која ја потрошила за споменикот на ОНА односно 650 илјади евра.

,,Дел од овие општини кои предничат според нетранспарентност се наоѓаат на листата должници – со доспеани, а неплатени обврски. Така, општина Зелениково, заклучно со третиот квартал годинава, должи 4 илјади евра. Старо Нагоричане има долг од 176 илјади евра. Центар Жупа 2 700 евра, Липково со долг од фантастични 650 000 евра. Пласница има доспеан, а неплатен долг во износ од 240 000 евра. Општините Петровец и Чучер Сандево ги нема на листата на должници на Министерството за финансии”, пишува во извештајот на истражувачката мрежа СКООП.

Ако досега не е вратен стариот долг со парите за споменикот Липково сега должи околу 53 милиони денари или огромни 850 илјади евра.

Само една година предходно Липково заедно со други 7 општини поделила 10,8 милиони евра неповратни средства од програма на Светската банка.

Само од споменикот секој жител на Липково (попис 2002) е задолжен за околу 75 евра.