И пратениците ќе работат и ќе гласаат – онлајн!?

Во Собранието се подготвува платформа која ќе овозможи и пратениците да може да работат и да одлучуваат од дома или од нивните канцеларии, пренесува 360 степени.



„Во парламентот веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и да одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии, што исто така е голем предизвик.

Службите работат на ова и верувам дека не подоцна од крајот на септември ќе биде и тоа овозможено“, соопшти пратеникот на СДСМ и досегашен министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.