Полска ќе почне да гради ограда на границата со Белорусија се наведува во соопштението на полското Министерство за внатрешни работи.



„Изградбата ќе започне на 15 декември. Го завршуваме изборот на изведувачи“, изјавија за ТВП од владејачката Партија на правото и правдата.

На полско-белоруската граница веќе е изградена ограда од бодликава жица, но таа не се покажа како сериозна пречка за мигрантите.

Новата структура во должина од 180 километри (од 400 километарскатаграница кон Белорусија) ќе биде висока 5,5 метри и ќе вклучува специјални сензори и технологии за следење.

Полските сили употребија водени топови против мигрантите на границата со Белорусија , а ЕУ го обвинува авторитарниот режим на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека намерно ја поттикнува миграциската криза со цел да изврши притисок врз Унијата.