Утре продолжува бојкотот на матурантите бидејќи Министерството за образование воопшто не ги прифаќало нивните барања. На вчерашната средба на Унијата на средношколци било одлучено матурантите да не се вклучуваат во наставата се додека не се дојде до конечно решение.
„На Централното собрание на Унијата беше одлучено бојкотот на наставата да продолжи и оваа недела затоа што сметаме дека е многу важно на образовните институции да им се изврши притисок затоа што не е направен никаков компромис во однос на нашите барања. Затоа учениците едногласно без ниту еден глас против, одлучија да се продолжи со бојкотот на наставата од понеделник.“
Матурантите пријавуваат различни закани за кои како што велат им се прават за да се откажат од бојкот од стартот на второто полугодие. Од Унијата велат дека од утре ќе ги пријавуваат сите такви закани.




