И покрај силните грчки реакции Ројтерс пет пати ја реобјави ,,Галичка свадба” (ВИДЕО)

Агенцијата Ројтерс пет пати досега на социјалната мрежа Твитер го реобјавува видеото од ,,Галичката свадба” снимено минатиот викенд во Македонија.



Приказната на агенцијата зборува за ,,традиционална македонска свадба која што почнува со бричење на младоженецот.

Иако на првата објава агенцијата доби стотици критики од грчки профили дека не се работи за македонска туку за свадба во Северна Македонија или за Скопјанска свадба Ројтерс уште четири пати го споделува видеото кое досега само на Твитер е видено над 240 илјади пати.

Церемонијата која ја овековечува Ројтерс опишува ,,една од многуте симболични традиции на Свадбата на Петровден која се случува секој јули во селото Галичник”.

Во последното видео можат да прочитаат огромниот број реакции од Грци кои се противат што Ројтерс зборува за македонска свадба.