Интернет страница на министерство за политички систем на вицепремиерот Артан Груби во македонската влада функционира само на албански јазик, а од Владата соопштуваат дека во тек е постапка таа да биде и на – македонски јазик.
Новата влада, во која Артан Груби е именуван за прв вицепремиер, е формирана на 31 август – или пред речиси три месеци.
Од кабинетот на Груби велат дека имало недоразбирање со компанијата што ја одржувала страницата.
Во рамките на информациите што ги имал, потпаролот на владата денеска објасни:
„Колку што сум информиран, интернет страницата на Министерстово за политички систем и односи меѓу заедниците е во изработка и во скоро време ќе биде ставена во функција и на македонски и на англиски јазик“, изјави портпаролот на Владата Душко Арсовски за поратлот МКД.мк објави кој денеска објави дека оваа интернет страница е само на албански јазик.
Од кабинетот на Артан Груби исто така реагираа:
„Ве известуваме дека интернет страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во овој двонеделен период беше нефункционална, поради недоразбирање со сега веќе претходната компанија која што ја одржуваше интернет страницата.
Веб страницата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците моментално се обработува и не е целосно комплетирана. Секако дека истата ќе биде на македонски јазик и на албански јазик“.






