И по оставката, Антикорупциска нема да го остави раат Рашковски

Оставката на Драги Рашковски од функцијата нема да влијае  на постапувањето по предметите кои за него ги отворила Антикорупциската комисија.



„ДКСК информира дека оставката на поранешниот генерален секретар на Владата не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК“, велат од Антикорупциска за Плусинфо.

Освен набавката на софтверот, Антикорупциска под лупа го стави и имотот на Рашковски.