Марија Брзакова (28) од селото Босилово, исчезна лани на 18 јануари, во утринските часови, но и по една година, нема никава трага што се случи со младата жена.
Истрагата ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена предистражна постапка, но нема нови детали, а истрагата нема да биде затворена додека таа не биде пронајдена.
Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла. Земени се изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и од таму нема информации за нејзиното исчезнување.






