И песна му напиша на музата која сега не го брани пред обвинителството

Екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски е еден од ретките осомничени за криминал кој не доби поддршка од неговиот екс шеф во владата Зоран Заев.



За разлика од Катица Јанева, Драги Рашковски или Мухамед Зекири кои Заев ги бранеше јавно и не веруваше дека се виновни пред да бидат осудени Васко Ковачевски не добива јавна поддршка од Заев дека е невин.

Пред неколку години Ковачевски пишуваше речиси љубовни стихови за својот партиски шеф што го стави директор на една од најбогатите и најкорумпирани државни институции.

Доброто за Ковачевски за кого обвинителството најави дека ќе истражува криминал во ЕСМ е што речиси сите кои добија поддршка од екс премиерот и лидер на СДСМ завршија в затвор.

Песната на Ковачевски за Заев