Претседателот на државата, Стево Пендаровски, ја поддржува иницијативaтa која до него ја доставија неколку политички партии кои бараат реформа на изборниот модел.
„Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати“, стои во соопштението од кабинетот на шефот на државата.
Пендаровски смета дека во државата треба да има помал број на изборни единици, без праг или минимален праг потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието.




