Приказната трае една година.
За таа година министерот за здравство Венко Филипче пред се поради над 6500 починати од Ковид падна од над 60 % поддршка на нешто повеќе од 20 %.
Во меѓувреме од десетици и стотици позитивни коментари на секој пост, дојде на речиси 100 проценти критики без ниту еден коментар со поддршка.
Поддршката за Филипче не доаѓа ниту од платените партиски анонимни ботови.
“Отворени и транспарентни политики какви што спроведува СДСМ носат прогрес на нашата држава. Граѓаните знаат што е вистинска инвестиција, знаат како се грижиме за иднината на оваа земја”, порачува Филипче во својот последен твит кој минува неславно дури и помалку тажно за лани популарниот министер.
Коментарите од кои дел не се за малолетни лица во твитот:
Отворени и транспарентни политики какви што спроведува СДСМ носат прогрес на нашата држава. Граѓаните знаат што е вистинска инвестиција, знаат како се грижиме за иднината на оваа земја. pic.twitter.com/CHMmac2XlN
— Венко Филипче (@VFilipche) October 7, 2021





