Откако руските сили синоќа со беспилотни летала ги нападнаа енергетските објекти во Одеса, струја имаат само виталните инфраструктурни објекти.
Сите останати потрошувачи се исклучени од напојувањето, соопштија од Електрокомпанијата Одеса.
Уништени се неколку енергетски објекти, а вонредни се исклучувањата и во градот и во целата област Одеса, пренесува Интерфакс Украина.
Засега, нема податоци за загинати.







