Габриел Бајрам советникот во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам ќе остане да работи на истото работно место кај градоначалничката Данела Арсовска.
Неговата казна од 3 месеци затвор за насилство нема да влијае на отстранување од советничкото место, бидејќи Законот за локална самоуправа предвидува престанок на функцијата само ако затворската казна е над 6 месеци.
Според член 46 од Законот за локална самоуправа , на член на советот му престанува мандатот ако е осуден на правосилна судска пресуда за кривично дела на казна затвор во траење од над 6 месеци.
Бајрам доби 3 месеци затвор, а кривичната пријава беше поднесена откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот.
Бајрам, кој веќе помина еден месец во притвор во затворот во Шутка, правосилноста на одлуката ќе ја чека во домашен притвор.







