Поранешната обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска синоќа реагираше на изјават на претседателот Стево Пендаровски кој кажа дека поранепшното СЈО станало дел од организираниот криминал.
„Кога Претседател на држава дава генерализирана квалификација дека цела институција, алудирајќи на Специјалното јавно обвинитество, станала дел од организираниот криминал, тој не само што изнесува невистини и клевети кои засегаат во кредибилитетот на сите кои работеле во Специјалното јавно обвинителство и на нивната работа, не само што го прекршува уставното начело на пресумпција на невиност (се уште нема правосилна пресуда за никој од тоа обвинителство која упатува на инволвираност во организиран криминал), туку и од позиција на авторитет влијае на креирање на перцепцијата и јавното мислење за причините поради кои повеќе не постои СЈО.
Нема да навлегувам во дебатите кои се водеа помеѓу сите клучни чинители за носење на новиот закон за Јавно обвинителство, нема да го елаборирам моето мислење за новиот Закон за јавно обвинителство, нема да го коментирам начинот на кој СЈО згасна, но ќе кажам дека СЈО не се распадна затоа што стана дел од организиран криминал и граѓаните можеби се разочарани од она што се случи со специјалната јавна обвинителка, но не се и не беа разочарани од СЈО како институција“, напиша Ристоска на Фејсбук.
Обвинителката, повикот за извинување и повлекување на изјавата од поранешните вработени на СЈО го толкува „како повик за признавање на грешката и преземање на одговорност, за на други претставници на државните органи да не им падне на памет да го користат СЈО како боксерска вреќа секогаш кога системот и општествените чинители ќе потфрлат во борбата за правда“.






