По Здружението на судиите, писмо до министерката за правда, Рената Дескоска, во кое изразуваат несогласување два месеца да примаат минимални плати за време на корона-кризата.



„Намалувањето на платите на јавните обвинители е нужно заради распоредување на товарот на сите институции. Од негативните економски импликации кои ги има борбата против оваа панедемија за домашната и светската економија.

Меѓутоа, почитувана министерке, сметаме дека износот на платите на јавните обвинители не би требало да изнесува во висина на минимална исплатена плата од месец декември 2019 година од 14.500 денари“, се вели во писмото, како што пренесе Фокус.

Тие ја потсетуваат Дескоска дека нивната работа не само што не е намалена, туку сега тие имаат повеќе работа и сега приоритет им даваат на кривичните пријави кои се однесуваат на прекршувањето на мерките и кои се против здравјето на луѓето.

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески вчера пак во изјава за Фокус порача дека во ваков момент сите треба да бидат солидарни.

Здружението за судии денеска поднесе иницијатива до Уставен суд околу „скратените плати“.