Ообвинители да одговараат и материјално ако намерно или поради невнимание предизвикаат штета во работењето, е еден од амандманите што ги предлага опозиција и кој предвидува материјална гаранција за професионалното и етичко работење на обвинителите и тие од одделението на СЈО, но и сите други.
ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе 65 амандмани на Законот за јавно онбинителство. Трите клучни барања на опозицијата предложени во форма на амандмани се : државниот обвинител да го предлага опозицијата, СЈО да биде одделение под ингеренции на обвинителството за организиран криминал и финансиски да зависат од буџетот на институцијата.
Преговорите на работните групи на СДСМ и на опозицијата околу новиот Закон за јавно обвинителство и за иднината на СЈО продолжуваат утре.
Извор: 24 вести





