Сите новинари работат со прекршени работнички права, професијата е неизвесна, работат во нерегуилирани услови, поради што не може да се очекува регулирано новинарство, изјави денеска претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Ѕвездан Георгијевски на првомајскиот марш.



Новинарите носеа транспаренти на кои беа напишани пароли „Пишувам за корка леб“, „Да за работа, не за ропство“, „Сиромаштија = цензура“…