Премиерка на Нов Зеланд Џасинда Ардерн денеска изјави дека нејзината влада нема да преземе ништо прогласување на земјата за република по смртта на кралицата Елизабета Втора, пренесува Асошиејтед прес.
Ардерн рече смета дека Нов Зеланд на крајот сепак ќе стане република, и тоа веројатно ќе се случи во текот на нејзиниот живот, но дека сега има поитни прашања за нејзината влада.
Ардерн, претходно ја изрази својата поддршка за земјата да стане република.
Според сегашниот систем, британскиот монарх е шеф на државата на Нов Зеланд, претставен во земјата од генерален гувернер иако неговата улога е повеќе церемонијална.
Сепак, многу луѓе тврдат дека Нов Зеланд нема целосно да излезе од сенките на своето колонијално минато и да стане навистина независна нација додека не стане република.






