Грчкиот премиер Ципрас френетично бара договор во спорот за името со Скопје, тврди вообичаено добро информираниот атински весник Катимерини.
Според весникот Ципарас сака да го валоризира фактот што медијаторот Нимиц започнал “да ја притиска ФИРОМ да го промени својот устав” кој што останува главна пречка во преговорите.
Според весникот решение на нерешливото прашање ќе ги засили владините позиции во надворешната политика кои што се под критика на опозицијата.
Решение на името и олеснување на мерките за штедење од страна на ММФ во Атина се гледаат како главни чекори со кои СИРИЗА може да победи на предвремени избори, за кои повторно се повеќе се зборува кај јужниот сосед.





