„Не би сакал да шпекулирам кој ден ќе биде пуштен во сообраќај, но до четврток, петок, ќе биде пуштен“, изјави министерот за транспорт во понеделникот кој најави дека автопатот Миладиновци-Штип ќе биде пуштен за сообраќај неделава.
АМСМ и денес, петок, се јави со истото соопштение дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај.
На автопатот, како што се дознава, се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот-посочуваат од АМСМ.





