Руускиот опозиционер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, објави денеска Сергеј Ерофеев, професор на Универзитетот Ратгерс во Њу Џерси, САД.
Многумина професори од признати универзитети кои се занимаваат со Русија го номинираа Навални за Нобелова награда за мир, напиша Ерофеeв на Фејсбук.
Tој истакнува дека процесот за номинација го започнале научници, но дека тоа не значи дека нема да се придружат и државници или претстaвници на меѓународни организации.
Навални се уште е во болница во Берлин.






