И најверните поддржувачи предвидуваат лош резултат на Заев на 15ти јули

Поранешната новинарка Јорданка Ивановска која е отворен критичар на ВМРО-ДПМНЕ и поддржувач на СДСМ не очекува дека на 15 јули Зоран Заев и неговата партија можат да остварат добар резултат.



Според Јордановска која се претставува за експерт за политички говори и кампањи Заев и СДСМ треба да останат на датумот 5 јули затоа што на 40 степени нивните гласачи ќе седат дома а една четвртина од сите гласачи ќе заминат на одмор во Грција.

Јордановска пораката ја напишала пред СДСМ да објави дека нема да оди на избори на 5 јули туку ги прифаќа сите барања на ВМРО-ДПМНЕ по што изборите ќе се случат на 15 јули како што вчера најави Христијан Мицкоски.