Од сто пушачи во Хрватска, 67 пушат нелегален тутун, а главна причина се поевтините цени на шверцуваниот тутун, беше речено на конференцијата „Нелегална трговија со тутунски производи – што ни носи Шенгенот“, организирана од Царината, Управата и Хрватското здружение на работодавачи.
Истражувањето покажа дека 7,5 отсто од населението или 237.600 луѓе во Хрватска пушат „режан“ тутун. Повеќето од тутунот доаѓа од Славонија, централна Хрватска – Кордун, Бановина и Лика, а повеќето се постари лица, од 45 до 65 години.
Легално, цигари купуваат само 33% од пушачите и тоа се главно помлади луѓе.
Истражувањето покажало дека 49 отсто од пушачите купуваат неоданочен тутун еднаш месечно, а најмногу се купуваат пакувања од половина килограм.
Мнозинството од испитаниците во Хрватска купуваат нелегален режан тутун преку познаници, 40 %, 30 отсто купуваат на пазари, десет отсто во БиХ и други земји.
Луѓето купуваат нелегален режан тутун пред се поради цената, а тоа го навеле како причина 92 отсто од испитаниците.






