По вчерашниот извештај на Транспаренси интернешенл со кој се констатира влошување на состојбата во однос на корупцијата во земјава, Државната антикорупциска комисија,констатира дека во земјава стагнира борбата против корупцијата.



Наспрорти декларираноста која е е високо изразена – справувањето е неефикасно.

„Влијанието на политиката, злоупотребите на службената положба и овластувања, непотизмот, клиентелизмот и кронизмот се сè уште широко распространети. Делувањето на ДКСК, покрај другите надлежности, е особено насочено и во овие области кои се препознаени како високоризични и се дел од мерките утврдени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, велат од ДКСК.

Во однос на својата работа, сметаат дека за да може успешно да се завршат откриените случаи на корупција и судир на интереси, треба да се спроведат нивните препораки, укажувања и иницијативи.

„Инаку, без да навлегуваме во тоа која од институциите во ланецот за борба против корупцијата е „повеќе виновна“ од другата, нагласуваме дека за ефикасна борба, освен адекватни ресурси на надлежните институции и надзорни тела, посветеност и проследување на случаите за кои зборуваат од ДКСК, потребна е и самокритичност, за да се увидат и евентуалните сопствени пропусти“ велат од ДКСК.