Македонскиот олимписки комитет го смени името и од денеска се вика Олимписки комитет на с. Македонија, или скратено ОКСМ.
Промената е направена по барање на Интернационалниот олимписки комитет.
Васил Тупурковски кој е претседател уште од формирањето во 1992 година, останува на чело до Олимписките игри во Токио следната година, а за потпретседатели се поставени претседателите на боксерската и кошаркарската федерација, Примислав Димовски односно Перо Антиќ.




