Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи објави фотографии на социјалните мрежи од чествување на Велигден со своите домаќини.
„Да си ги празнуваме заедно празниците, да си ги знаеме адетите и традициите, да се почитуваме и живееме сложно. Заедно на Велигден, да го прославиме животот и раѓањето на нова надеж. Тетка Славјанка да си здрава, жива и секогаш насмеана со семејството околу трпезата. Христос воскресе!“, пишува Битиќи пренесе Фактор.
Политичарите – од шефот на државата, до министри и пратеници – денеска го честираа православниот празник и посакаа мир, благосостојба и просперитет.






