И министерката со психички проблеми се соочува со ,,незгодни тајни материјали” (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Реакции на социјалните мрежи откако вчера министерката за одбрана со психички проблеми Славјанка Петровска на прес конференција покажа две папки со наводни компромитирачки материјали за пратеникот Драган Ковачки кој е полковник во АРМ.



Во нејзин стил на Твитер е објавена најлон кеса во која има непозната содржина а авторот тврди дека се работи за компромитирачки материјали за модната икона на актуелната влада која според психијатриски извештај што сама го нарачала има сериозни психички проблеми.

,,Во оваа кеса со ѓубре, се наоѓаат сите животни подвизи на психички нестабилната Славјанка Петровска. Ја повикувам да каже што има во неа”, пишува авторот на твитот.

Исто како и Петровска и објавувачот на материјалите за неа не открива што има во нив иако на прв поглед се чини дека се работи за обични остатоци од пакување на чипс и кутија за цигари.

Поради ексклузивниот начин на кој се облекува откако стана министерка Петровска важи за модна икона на владата на СДСМ и ДУИ.