И Мицкоски во самоизолација: Направив тест – негативен е

„…Поврзано со информациите кои произлегоа за мојата здравствена состојба сакам да информирам дека до овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција“, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРИО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.



„Во текот на вчерашниот ден, по добивање на информацијата дека е нарушено здравјето на новинарот со кој имав интервју точно пред една недела и истото се поврзува со пандемијата, направив тест чии резултати се негативни.

Но, ќе ги почитувам препораките на здравствените лица и во наредниот период од неколку дена ќе останам во изолација. Се надевам на брзо закрепнување на новинарот и негово брзо враќање на работното место, пишува Мицкоски на Фејсбук.