Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ официјално објави дека се повлекува од Русија и дека ги продава акциите во локални подружници, вклучително и фабрика за автомобили во близина на Москва, објави Ројтерс.



Руското Министерство за индустрија и трговија објави дека „Автодом“, како нов сопственик на руските оддели на Мерцедес-Бенц, ќе може да привлече и други компании за производство на база на автомобилската фабрика во Московскиот регион.

Mercedes-Benz Group AG беше е последниот во низата европски производител на автомобили кој објави дека го запира извозот и производството на автомобили во Русија.