„Мекдоналдс“ ќе започне со затворање на сите свои објекти во Израел напладне по локално време, објави глобалниот синџир за брза храна на Твитер.
Тие наведуваат дека го повлекуваат потегот согласно повиците на синдикатот за генерален штрајк.
Непознато останува што ќе биде со планираното обраќање на премиерот Бенјамин Нетанјаху до јавноста.
Се очекуваше Нетанјаху на прес-конференцијата да зборува за неговите контроверзни планови за реконструкција на израелскиот правосуден систем, но некои израелски медиуми објавија дека обраќањето е прекинато поради насилните протести во текот на ноќта.
Се појавија и неофицијални информации дека може да дојде до пресврт во кој Нетанјаху на одреден начин ќе ја стопира спорната реформа, но засега се е на ниво на шпекулации.







