И Маричиќ жртва на Груби, владата знаела дека ЕУ е против ,,еврознаменце” за Бехтел и Енка

Владата знаела дека ЕУ е против планот на владата законите за договорот со Бехтел и Енка да се носат со европско знаменце но на инсистирање на вицепремиерот Груби донесла одлука да се злоупотреби европската регулатива за да се протурка скандалозниот проект.



По минатонеделниот текст на порталот МКД во кој делегацијата на Европската унија во Скопје јасно наведува дека не поддржува проекти кои се водат надвор од правилата на Договорот за стабилизација и асоцијација дошло до контакти меѓу владини претставници и луѓе од ЕУ, тврдат добро информирани извори за expres.mk.

ЕУ со дипломатска реакција но јасна осуда на владиниот договор со Бехтел и Енка

Во неформалната комуникација на претставниците на владата им било пренесено дека унијата не може да поддржи злоупотреба на европското знаменце за сомнителни и нетранспарентни проекти за кои постојат сериозни индиции за корупција а кои се спротивни на правилата на ЕУ.

Овие информации биле пренесени до вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ а потоа и до премиерот Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби кој наспроти ставот на Маричиќ извршил силен притисок владата сепак да оди контра позициите на ЕУ со аргументација дека унијата не ги знае сите детали за проектот но дека по интервенција во Брисел се ќе било средено.

Извори во СДСМ тврдат дека премиерот Ковачевски заминал во САД без да даде јасна насока дали да се оди контра ЕУ и оставил тоа да го одлучат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и вицепремиерот за политички систем Артан Груби.

На денешната прес конференција на владата воопшто не се појави вицепремиерот Маричиќ кој е единствен надлежен во владата за предлагање закони со европско знаменце до Собранието.

Маричиќ денеска најде време за партиски средби на СДСМ и за настан за јазикот но не најде еден час за пресот кој го водеше Груби.

Извори во дипломатската заедница во Скопје велат дека отсуството на Маричиќ значи дека во владата има сериозен проблем со европските принципи и дека Груби покрај ингеренциите на Бочварски ги преземал и овластувањата на Маричиќ како шеф на владиниот Секретаријат за европски прашања.

Според нив Маричиќ сака да се дистанцира од одлуката на Груби да тргне во конфликт со ЕУ за проектот кој освен што е коруптивен може да значи ок блокирање на евроинтеграцијата на Македонија.

Жешка шлаканица од ЕУ за обидот на Груби и Ковачевски корупцијата во Бехтел и Енка да ја покријат со европско знаме

Да биде проблемот во владата поголем Груби денеска на прес конференција на која воопшто не се појави Маричиќ му го одзема зборот на министерот Љупчо Николовски иако тој беше дел од најавата како говорник но остана без право на збор по наредба на Груби.

Хаос во владината коалиција: Груби не му дозволи на Николовски да проговори на прес конференцијата за Бехтел и Енка (ВИДЕО)