Сопствениците на мачки можеби би требало да бидат повнимателни при контакт со своите миленици, бидејќи една студија од Кина откри дека Ковид-19 може да се пренесува меѓу – мачки, пишува Гардијан.

Тимот во Институтот за ветеринарно истражување Харбин во Кина, открил дека мачките се многу подложни на „Ковид-19“ и се чини дека се во можност да го пренесат вирусот преку респираторни капки на други мачки.
Истовремено, откриено е дека кучињата, кокошките, свињите и патките не може да ја зафатат инфекцијата.
Наодите уследија по неодамнешните извештаи дека мачка-домашно милениче во Белгија била заразена со „Ковид-19“.
Околу една недела откако сопственикот на мачката започнал да покажува симптоми, кај неговата мачка се појавиле потешкотии со дишењето, дијареја и повраќање, а последователните тестови на ветеринари на Универзитетот во Лиеж покажале дека животното е заразено со коронавирус.





