Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски вели дека не се гледа нов лидер на СДСМ.
„Не се гледам како наследник на Заев и воопшто нема да се кандидирам на внатрепартиските избори“ – рече Николовски.
Претходно,денеска, и министерот за внатрешни Оливер Спасовски рече дека нема такви амбиции. Уште повеќе, тој изрази мислење дека Зоран Заев треба да остане лидер на СДСМ и на чело на владата.
Премиерот Заев најави дека утре ќе ја официјализира својата оставка по што почнува процедурата за избор на нов Претседател на СДСМ но и постапка за избор на нов мандатар во Владата за што на СДСМ ќе му треба апсолутно мнозинство во Собранието од 61 пратеник.
За да го обезбедат веќе во тек се преговори со партијата Алтернатива која оваа недела на внатрепартиски состанок треба да ја донесе конечната одлука.







