И Љубчо добил предлог за „северна“, но СДСМ организирал штрајкови!? (ВИДЕО)

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски ексклузивно откри дека во 2001 година бил подготвен да го смени името во Северна Македонија, но само за надворешна употреба, но се повлекол поради негодување на опозициската СДСМ.



„Јас бев подготвен тогаш, и внимавајте, тогаш ќе беше само за надворешна употреба. И требаше само со БЈРМ, да се замени со Северна Македонија. Северна или Горна, уште не беше дефинирано од грчка страна“, откри Георгиевски во синоќеното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

„Георгиевски открива интересни детали од минатото во Македонија. Откри дека тогашната партија СДСМ, организирала протести против менување на името во Северна Македонија, кое било идеја токму на Георгиевски, пренесува ТВ21.

Во продолжение, тој вели дека и Никола Груевски во 2008 година имал исто така можност да го смени името само за надворешна употреба, но не прифатил.

Да прифател тогаш Груевски, сега Македонија ќе била членка на ЕУ, смета Георгиевски.