Двајца доктори и една медицинска сестра се позитивни на коронавирус во Куманово, откако претходно имале контакт со пациентката која починала, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Тој информираше дека ниле земени 63 брисеви за тестирање меѓу кои и од медицински персонал од кумановската болница и од членови на семејствата на заболените здравствени работници.
„Согласно резултатите ќе се направи план за работата на болницата. Едно од заразените медицински лица живее во околината на градот, па од тие причини, на владина седница одлучено е дека во Куманово ќе се укине целосно меѓуградскиот превоз и градскиот превоз. Донесена е и одлука за затворање на продавниците во трговските центри во градот“, рече Филипче.
Во Куманово има осум случаи на заболени од корона вирус.





