Илјадници Кумановци вечерва се кренаа на протест против владината најава за прифаќање на Францускиот предлог кој ги содржи радикалните бугарски барања.
Под водство на градоначалникот Максим Димитриевски и движењето За наше Куманово демонстрантите побараа власта да ги одбие неприфатливите барања за Софија и можноста Македонија да биде жртва на бугарските уцени во текот на преговорите со ЕУ.
На главниот транспарент на демонстрациите беа прикажани кумановски револуционери меѓу кои и Христијан Тодоровски Карпош со порака: Загинаа за Куманово, загинаа за Македонија.
Видеа од Куманово




