Како што беше најавено, атуелниот заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски денеска официјално ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ.
„Согласно роковите ја поднесов мојата кандидатура до партијата во која ја доставив мојата визија и програма која има наслов „Заедно, одговорно и посветено“. Програмата се базира на три основни столба, а тоа е социјадемократска визија, јасни социјадемократски вредности од кои извираат принципите, вредностите на работењето и резултатите кои следуваат од него, економски раст и фер шанса и јасен систем со одговорност во кој најдобрите ја добиваат одговорноста и шансата за исполнување на сите проекти ветени пред граѓаните“, изјави Ковачевски.
Претходно денеска, својата кандидатура ја поднесе и екс министерката од СДСМ, Фросина Ременски.






